Децата вештините ги стекнуваат и преку неформалното образование и воспитување

Децата, најчесто имаат отпор и се вистински бунтовници против училишниот систем. Се е тоа во ред, бидејќи тие треба да имаат критичен став, но тоа треба да биде оправдано. Објаснете му дека може да го победи системот само ако биде подобар, а не полош од него. Тоа значи дека треба да го вооружите со вистинска компетенција, знаење, вештини и способности кои ќе му помогнат да ги оствари своите желби.

Научете го дека треба да учи за себе, а не поради другите и за оценки. Тоа може да го прави низ неформално и самообразование. Поттикнете го во своето слободно време што повеќе да чита, истражува, и да ги изградува своите способности на начин на кој нему најмногу му одговара.

Вештините се стекнуваат и преку воспитувањето и искуството низ растењето. Уверете го своето дете дека образованието е предуслов, но не и успех и среќа во животот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk