Децата нека почувствуваат несреќа, тоа не е никаква трагедија

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Наместо премногy да ги нагласувате врвните резултати на училиште и во спортот, што кај детето може да создаде анксиозност, сосредоточете се на создавање на силни работни навики и одговорност.

Научете го на благодарност. Најдете начин да го научите да биде благодарно и да го цени тоа што го има и ќе биде емпатично спрема другите.

Нека почувствуваат несреќа, тоа не е никаква трагедија. Морате детето да го пуштите да биде несреќно, морате да го поддржите за да помине низ тоа чувство, да научи и сфати дека несреќата е поднослива. Така децата стануваат поотпорни и покомпетентни.

Децата чиишто родители стално ги преценувале зборувајќи им дека се попосебни од другите или постoјано им давале посебен третман, стануваат нарцисоиднi.

Подобро е да им се каже дека ги сакате, така што прегратките и бакнежите се поважни.

Многу е подобро да се гради самодоверба ако децата имаат чувство на вистинска топлина, нежност и прифаќање на своите родители.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…