Децата не ја заслужуваат реченицата ” почекај малку ” – кажувајте ја што поретко

Една од најважните родителски задачи е кај детето да се создаде чувство дека на вам како родители ви е важно тоа што детето има да ви го каже.

Точно е тоа дека реалноста е животот кој се трасира по една пеколно брза патека. Многу често повеќето од нас се затекнале себе си како ја изговориле реченицата ” почекај малку ” или “само момент”. Но, имајќи го во предвид фактот дека децата растат брзо (нивното детство чиниш поминало додека сте трепнале) дали токму децата заслужуваат почесто да ја слушаат таа реченица?

Кога од родилиштето ќе го донесете дома вашето бебе-тогаш почнува се. Немојте да дозволите да ве убедуваат дека децата не треба да се навикнат на раце уште додека се новороденчиња. Не дозволувајте да ве убедуваат дека од плачење се развиваат белите дробови на бебето, дека е добро понекогаш бебето да биде оставено самото да се смири. Наместо тоа не пропуштајте прилика да бидете неверојатно близу до детето, верувајте ќе ви се причини дека за час веќе поминала првата година од неговиот живот.

Гушкајте се. Единствено нешто што треба да го знаете е дека вие имате неверојатна мајчинска интуиција која што знае што е исправно и што е најдобро за нејзиното дете. Гласот на бебето-тоа е неговиот плач. Кога плаче тоа ве повикува. И затоа, единственото нешто што е несомнено исправно е тоа дека секој пат кога бебето ќе ве повика вие морате да дојдете. Вие сте мајка која нетрпеливо чека да чуе што има да и каже нејзиното дете. Таа неверојатна мајчинска интуиција се претвора во фантастична способност за препознавање на бебешкиот плач- способност која што на мајката и го одгатнува значењето на плачот. Таа не слуша плач,таа слуша низа на зборови.
Но, ако сепак имате дилема пробајте да се ставите на негово место. Замислете како би ви било да плачете, да довикувате некого а никој да не доаѓа?

И кога тоа бебе ќе порасне во прекрасно мало момченце/девојченце, родителите треба да продолжат да слушаат. Но да слушаат и кога се во гужва, во брзање, и кога имаат работа.. Бидејќи сигурно знаете дека тоа “почекај малку” многу често не значи почекај минута, пет минути…. Почекај малку може да значи почекај малку подолго, а и ретко кое дете од другата страна чека “малку” за да ви го каже тоа што го интересира во моментот.

Она што всушност детето, особено додека е мало, сака да го сподели со вас родителите не е некое негово размислување, некоја негова мисла или идеа, тоа всушност сака со вас да сподели момент, момент поминат со неговите мама и тато. Потсетете се дека времето брзо поминува, децата нема секогаш да бидат деца, нивното детство за вас како родители е скапоцено. Одвојте време да уживате во него.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk