Децата со аутизам имаат неверојатни таленти

Децата со аутизам поседуваат цело богатство од исклучителни способности, потребно е само малку поголемо внимание и тие веднаш ќе испливаат на површината на личноста на детето.
Иако децата со аутизам имаат низа потешкотии, сепак тие поседуваат специфични предности како што се:

– способност за разбирање на конкретни концепти, правила и распореди
– изразени вештини за долгорочно помнење
– математички вештини
– информациски вештини
– музички вештини
– сликарски вештини
– способност за рано дешифрирање на пишаните знакови (хиперлексија)
– неверојатна искреност
– неверојатна фокусираност доколку работат нешто што ги интересира
– исклучително чувство за насока и ориентација во просторот

Тие се области во кои детето може да се пронајде себе си и кои истовремено за него претставуваат извор на задоволство и гордост. Токму поради ова, на родителите на деца со аутистичен спектар на нарушувања им се препорачува да обратат внимание на забележувањето која е таа специјална област во која што детето забележува извонредни резултати и истата да ја вклучуваат редовно во неговите секојдневни активности.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk