Дијагностицирањето на аутизмот бара мултидисциплинирен пристап

Аутистичниот спектар најчесто се дијагностицира доколку однесувањето на детето ги исполнува веќе пропишаните критериуми дефинирани во  Меѓународна статистичка класификација на
болести  сродни  состојби    (International  Statistical  Classification  of  Diseases  and  Related
Health  Problems  –  ICD  10) Сепак, кога ќе се помисли на самиот процес на дијагностицирање на ова развојно пореметување, треба да се нагласи дека тоа е процес кој што бара мултидисциплинарен пристап и често е долг и обемен.

Ова произлегува од фактот дека самиот аутизам не е следен од единствена група на симптоми, туку од цел спектар кои создаваат варијации од случај во случај.

Најчесто родителите се тие кои што ги забележуваат првите рани знаци на аутизмот кај нивните деца, иако се почесто се случува евидентирањето на раните симптоми да биде забележано и во градинките или од страна на матичниот лекар.

Прв чекор е запознавање на педијатарот со потешкотиите на детето.Есенцијално  е  неопходна  добра  комуникација  меѓу  здравствените  професионалци  и родителите. Оваа комуникација  треба да се документира и да биде  тесно поврзана сопотребите на детето и на неговите родители.

Во зависност од воочените првични информации за потешкотиите со кои се соочува детето, педијатарот предлага други специјалистички прегледи, кои треба да работат како тим за да се добие најдобрата претстава за детето. Пред се, во овој поглед се мисли на тимски преглед, или пак поединечни прегледи кои наложуваат тимско разгледување на резултатите , кој вклучува психолог, детски психијатар, логопед, дефектолог, невролог итн.

Во текот на воспоставувањето на дијагноза кај детето се користат и дијагностички методи како што се ЕЕГ, снимањата со магнетна резонанса, тестирања на слухот, лабараториски, генетички, имунолошки и метаболички тестирања.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk