Дијагностицирањето на церебралната парализа е сложен процес поврзан со следењето на моторичките функции

Нормалниот моторички развој на детето, дофаќањето на играчки (3-4 месеци), седењето (6-7месеци) и одењето (10-14 месеци) се засноваат на моторните функции чие што задоцнување предизвикува одреден сомнеж за постоење на церебрална парализа.

Покрај тоа што лекарот при поставување на дијагноза го зема во предвид закаснетиот развој на моторните функции, тој мора да обрати внимание на некои аномалии кои се забележливи кај детето како што се абнормален мускулен тонус, абнормално движење, абнормални и инфантилни рефлекси.

Дури и доколку детето е постаро, во периодот по втората година од животот и има доживеано одредена трауматска повреда на главата чекањето и набљудувањето се исто така неопходни при потврдувањето на дијагнозата бидејќи многу веројатно е повредата да укажува на постоење на церебрална парализа, a после одреден период  моторичките функции во целост да се нормализираат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk