Дневни рутини кои треба да ги практикувате доколку имате дете

Дневните потреби на бебињата не би требало да бидат комплицирани, а родителите треба да бидат доследни, смирени и да практикуват секојдневни рутини за да функционира се во најдобар ред.

Кревет само за спиење

Креветот треба да се користи само за спиење, а не за игра или гледање телевизија.

Постојан распоред

Рутината не им е потребна само на бебињата, туку и на поголемите деца. Важно е да стануваат секој ден во исто време, без оглед на тоа кога одат на спиење. Така ќе се научат на одреден број часови спиење и одморот ќе им биде закрепнувачки. Во основата на стекнување позитивни навики за спиење се доследност и смиреност. Доколку не се однесувате доследно, тоа на детето му испраќа збунувачки пораки.

Мирна соба

Собата во која детето спие мора да биде оддалечена од изворот на бука дури и тогаш кога се чини дека тоа не влијае на детето.

Вечерање рано и доволно

Потребно е детето пред спиење да јаде умерено, ни премалку ни премногу. Пијалoците кои содржат кофеин не би требало да ги пие ни неколу часа пред спиење. Доколку на детето не му се спие, не треба да се сили, туку да му се дозволи да се занимава со некои монотони активности. Во ниту еден случај детето не треба да биде принудено да оди на спиење, бидејќи тоа му предизвикува вознемиреност и ако ги поврзат нервозата со сон ќе се појават уште поголеми проблеми.

Редовна физичка активност

Редовно вежбање му помага на детето подобро да спие. Вежбањето треба да биде благо и во попладневните часови, не пред спиење, затоа што во тој случај нема смирувачки ефекти.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk