Добрите бактерии го зајакнуваат детскиот имунолошки систем

Медицината вели дека имунитетот на децата го достигнува капацитетот на имунитетот на просечниот возрасен човек во периодот по дванаесеттата година од животот.

Во период кога се зголемува активноста на вирусите и бактериските инфекции на детскиот организам му е потребна дополнителна заштита, а тоа може да се постигне пред се со консумирање на здрава и разновидна исхрана како и земање на дополнителни витамински суплименти и минерали.

Како најголем орган на имунолошкиот систем цревата во голема мера се одговорни за состојбата во кој се наоѓа тој бидејќи на нивните ѕидови се наоѓаат повеќе од 70% од вкупниот број на имунолошки клетки во организмот. На тој начин цревата играат голема улога во заштитата на организмот од инфекции предизвикани од патолошки бактерии и вируси.

Во нив е нормално присутна цревната микрофлора која ја сочинуваат пробиотските, тн добри бактерии. Особено значајни за заштита од вирусите и бактериите се пробиотските бактерии од родот на бифидобактерии.

Докажано е дека кај децата кои што редовно земаат пробиотици се намалува застапеноста на респираторните инфекции, поретко се подложни на зголемување на телесната температура, кашлица, секрет од носот.

Превентивното земање на пробиотици особено е препорачливо кај децата кои што се склони кон алергии и чести респираторни инфекции.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk