Добри родители, а пред екран поминуваат девет часа

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Силвана

Просечен Европјанин секојдневно поминува девет часа залепен за екран на телевизор, паметен телефон, лап-топ или таблет а повторно е убеден дека е добар родител, се вели во истражувањето на Европска агенција за образование.

Во истражувањето биле испитувани 1.700 родители. Тие чиишто деца имаат од осум до 18 години признале дека пред екран поминуваат 9 часови и 22 минути.

Од друга страна, дури 78 проценти од родителите сметаат дека се добри модели на своите деца кога станува збор за користење на медиуми.

Што родителот е пообразован, тоа е поуверен дека е подобар пример.

Ако родителите не можат да најдат баланс во користење на технологијата во секојдневниот живот, парадоксално е да мислат дека се добар пример за децата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…