Довербата како важно парче од мозаикот наречен брак

Посветеноста и довербата во бракот се еден од најважните фактори за среќен и долговечен брак-велат психолозите.
Вашиот партнер никогаш не треба да се сомнева во вашите постапки ниту пак да се грижи дека ќе може да биде изневерен. Иако многумина се обидуваат одвреме навреме, со своите постапки да изнудат чувство на љубомора како своевиден знак дека чувствата кај партнерот сеуште постојат, сепак тоа е далеку од правилна постапка.

Особено доколку нема ниту една причина за сомнеж не се однесувајте на начин кој би можел да предизвика љубомора и сомнеж во вашата верност.

Искреноста, отвореноста и подготвеноста за разговор е сета емоционална безбедност што на вашиот партнер му е потребна. Само емоционално безбедна личност, односно емоционално стабилен брак е брак кој може да опстои.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk