Довербата помеѓу родителите и децата се гради од бебиња

На бебињата им требаат многу физички контакти и внимание бидејќи тоа е неопходно за психичкиот и физичкиот развој. Мозокот треба да помине низ огромен развој при што е опремен со основите за преживување, односно рефлексите. Еден од тие е плачењето.

Колку е важен, зборува и фактот дека е синхронизирано со реакциите на родителите. Кога бебето плаче, на родителите срцето почнува забрзано да им работи, се зголемува притисокот, се потат дланките и се стега желудникот.

Попрецизно, се активираат инстинктите и потребата да се задоволат потребите. Довербата помеѓу децата и родителите се гради, а еден од начините е соодветна реакција на плачењето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk