Доењето е добро и за здравјето на мајката

Мноумина велат-доењето е најдобрата природна инвестиција во здравјето на новороденчето но и во здравјето на мајката.

Многу досегашни истражувања го потврдуваат фактот дека кај мајките кои што ги доеле бебињата во првите шест месеци од животот се намалува ризикот од развој на хипертензија подоцна во животот, појава на дијабетес и високо ниво на холестерол во крвта.

Истражувачите на Универзитетот во Северна Каролина проучувајќи 56,000 мајки дошле до заклучок дека оние жени кои ги доеле своите бебиња минимум шест месеци, во наредните 14 години после раѓањето на бебето не развиле ниту еден од горенаведените здравствени проблеми.

Од друга страна пак, ризикот за појава на тие болести се зголемил за 25 % кај оние мајки кои ги доеле бебињата само во текот на првите три месеци. Тоа му го препишале на хормонот окситоцин кој се испушта во поголеми количини за време на доењето и кој долготрајно делува врз регулирањето на крвниот притисок кај мајките.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk