Доењето е најпоследна од низата причини за појава на опаднатиот тонус на градите

Според Американското здужение на пласитчни хирурзи, нема ралика во виснатоста на женските гради кај жените што доеле и оние кои не ги доеле своите деца. Според ова истражување, секоја трета средношколка е цврсто убедела дека доењето е единственото нешто што го ослабува тонусот на мускулите на градите.
Во испитувањето се земени во предвид 500 жени кои за прв пат станале мајки. Од нив 30 % никогаш не го доеле бебето, една четвртина го доеле бебето во период од три месеци а скоро половина од нив го доеле своето бебе повеќе од три но не подолго од девет месеци. Кај 87% од нив е забележана промена во градите после бремноста.

Според Брајан Ринкер, водачот на ова истражување, доењето е најпоследна од низата причини за појава на опаднатиот тонус на градите. Пред се врз нивната цврстина влијае индексот на телесна маса, на која возраст жената останала бремена, колку вкупно бремености постојат, колкава била големината на градите пред жената да остане бремена, квалитетот и точноста на градникот и сл.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk