Долгорочното отсуство на стимулација кај децата може да има негативни последици

Кога хиперактивните деца не се доволно стимулирани, кога им е досадно, кај нив може да дојде до феноменот познат под името “игнорирање на левата страна“, што ги наведува лекарите да се посомневаат дека тие деца страдаат од дислекција, што во поголемиот број случаи е погрешен заклучок.

Во едно британско истражување хиперактивните деца престанале да ги приметуваат предметите лоцирани на нивната лева страна во оние моменти кога отсуствувала соодветна стимулација.

Оваа состојба е карактеристична за оние возрасни луѓе кои имаат оштетување на десната страна на мозокот.

Многу психијатри велат дека овој феномен, иако многу поретко, сепак може да се забележи и кај останатите деца кога им е досадно и не се работно стимулирани.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk