Домашен лек против „ешерихија коли“

Се поголем е бројот на луѓе кои страдаат од хронично воспаление на мочниот меур, предизвикано од тврдокорната бактерија „ешерихија коли“, која во нормални услови е составен дел од флората на дебелото црево.

Оваа бактерија предизвикува хронично воспаление и чести уринарни инфекции. Честопати и по терапијата со антибиотици, останува да вирее во слузокожата на мочниот меур, станувајќи отпорна на нивното дејство.

Но благодарение на природата постојат природни билки со кои може да се отстрани оваа бактерија.

Потребни состојки:
250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
250 г мед
2 дл маслиново масло

Приготвување:

Коренот од магдонос и лимонот со кора треба ситно да се исечкаат, а потоа сите состојки, заедно со медот и маслиновото масло, треба да се измешаат во блендер.
Кашестата смеса треба да се чува во фрижидер. Наутро, пред појадок и пред да се напиете кафе, земете една лажичка. Кога ќе ја потрошите содржината, бактеријата би требало да исчезне од вашиот уринарен тракт.

Се разбира, медот набавете го кај проверен пчелар, а лимонот пред употреба држете го еден час во ладна вода помешана со сода бикарбона.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk