Домашен пилинг за нежни раце

Рацете се вашата бизнис картичка при средбата со нови луѓе. За нежна кожа на рацете измешајте 1ч.л кафеав шеќер со 4 ч.л. маслиново масло и 2 ч.л. лимонов сок. Промешајте и потоа масирајте ги рацете со добиениот пилинг. Бидејќи рецептот е за поголемо количество, може да го чувате пилингот во стаклена тегла во фрижидер.

Домашен пилинг за тело

Опција 1: смачкајте со вилушка една презреана бананата и додадете к 3ч.л. шеќер и 1 кафена лажица лимонов сок. Ексфолирајте ја кожата со помош на добиената смеса додека сте под туш.
Опција 2: Не фрлајте го талогот од кафето, туку промешајте 1/2ч.л. од талогот со 3ч.л. мед и 1ч.л. лимонов сок. Користете го пилингот за потхранување на кожата и при борба со целулит.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk