Домашен третман против кандида со сода бикарбона

Candida albicans е габичка која во одредена количина е присутна кај сите од нас и расте во цревната флора.

Таа кај повеќето луѓе живее во устата, грлото, цревата и половите органи. Здравиот човечки организам има способност да го одржува нејзиното ниво под контрола, но ако се случи нешто што ќе предизвика пад на имунитетот тогаш се создаваат поволни услови за дополнително размножување на кандидата.

Причинители за појава на зголемено пристуство на кандида во човечкиот организам се прекумерната употреба на антибиотици, средствата за контрацепција, стресот, нездравата исхрана и сл.

Во Индиската литература за прв пат се споменува делотворноста на сода бикарбоната како лек за лекување на рак.

За лекување на кандидата потребно е да се користи само сода бикарбона која во својот состав не содржи алуминиум и која може да се најде само во аптеките.

Доколку станува збор за машката популација потребно е во две чаши од по 200 мл да се направат два раствора. Во едниот треба да се наоѓа сода бикарбона и вода ( една кесичка сода и 200 мл вода ) , а во другиот вода и обична сол ( 3 лажици сол и 200 мл вода ). Пет минути, наизменично, треба да се потопува половиот орган прво во едниот па во другиот раствор.

Ако станува збор за женската популација, потребно шприц да се наполни со растворот од сода бикарбона и вода и да се вбризга во внатрешноста на вагината. Оваа постапка треба да се повтори три пати дневно. Резултатите ќе бидат брзо видливи.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk