Домашен чај против сува и надразнителна кашлица од јачмен

Јачменот изобилува со богатство од витамини и минерали, посебно витамините од групата Б.

Лековитите својства на јачменот се многубројни. Тие им се препишуваат на неговите главни состојки, како што се скроб, азотни материи, растителни незаситени масни киселини, шеќер, ензими и слично.

Во комбинација со темјан, од јачменот може да се подготви ефикасен домашен лек што ја спречува сувата и надразнителна кашлица.

За таа цел потребни ви се следниве состојки:
– 25 грама јачмен
– 3 лажици сув темјан
– вода
– мед за засладување

Начин на приготвување:
Полека варете го чајот додека омекне јачменот, потоа прецедете ја водата и пијте го во текот на целиoт ден. Доколку сакате чајот можете да го засладите со мед. Пијте го редовно додека кашлицата или настинката не изчезне.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk