Домашен џем од нане

Џемот од нане е совршено благо за време на секое годишно време.

Потребно е:

60 листови на нане

еден литар вода

еден килограм шеќер

една лажица желатин во прав

Подготовка:

Листовите нане добро измијте ги и исечкајте ги, прелијте ги со вода и оставете на шпорет да провријат.Тргнете ја шерпата од оган и оставете десетина минути да се излади.

Внимателно исцедете го сокот низ газата и додадете желатин, и се добро измешајте.

Повторно ставете го сокот на шпорет и повремено мешајте. Кога ќе зоврие додадете го шеќерот и оставете да врие уште една минута со постојано мешање. Тргнете го џемот од шпорет. Доколку на врвот се појави пена, тргнете ја со лажица.

Врелиот џем ставете го во врела тегла, не ставајте до врв, нека остане по еден прст празен простор во теглата. Затворете ја теглата и оставете го џемот да се олади.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk