Домашна крема од морков која ќе го спречи пукањето на кожата на рацете

Иако морковот не е често застапен во домашната подготовка на козметички препарати, сепак ќе се изненадите од неговото благотворно дејство врз кожата.

Доколку ја нанесувате на вашите раце два пати неделно оваа домашна крема од моркови,  кожата на вашите раце ќе биде подмладена, негувана и ќе го спречите нејзиното распукување во ладните зимски денови.

Потребни состојки за подготовка на оваа крема од моркови се еден морков, една лажица павлака и една лажица маслиново масло.

Морковот блендирајте го се додека не добиете смеса слична на пире. Во неа додадете ги павлаката и маслиновото масло. Смесата нанесете ја на рацете и оставете ја да делува околу 15 минути. Потоа измијте ги рацете со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk