Домашна маска за нега на косата

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Весна

Маска за коса со лук е пред се моќна исхрана за кожата на главата со минерали и витамини кои во голема количина се наоѓаат во овој единствен продукт.

Маската со лук хидрира, го прекинува губењето на косата, ја подобрува структурата и го убрзува растот на косата. Со помош на оваа маска засекогаш ќе се ослободите од првутот, ќе ја спречите појавата на бели влакна и ќе ја направите вашата кожа здрава и бујна.
Маската за коса со лук е одлична алтернатива на купечките козметички препарати. Многу е важно тоа што е природна и е погодна за сите типови на коса.

Рецептот за маска со лук против опаѓање на косата е следнава:

– 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид

– 1 супена лажица мед

– 1 супена лажица мајонез

– 1 супена лажица маслиново масло

Сите состојки промешајте ги добро и со нив истријте ја кожата на главата. Ставете капа за туширање или обична најлонска капа. Главата замотајте ја со пешкир.

Почекајте еден саат, а потоа исмијте ја главата со умерено топла вода.

Можете да го промените составот на оваа маска. Наместо мајонез може да ставите рицинусово масло, кое во својот состав содржи линолна, олеинска и палмитинска киселина, кои го заситуваат коренот на влакната и помагаа во здравиот раст на косата. Можете да додадете една жолчка (или цело јајце, доколку имате мрсна коса).

За постигнување на долгорочни позитивни резултати, маската со лук применувајте ја 2 пати неделно. Направете 30-40 третмани.

Ова едноставно, скромно и природно средство ќе ви биде најубавиот подарок, затоа што здрава и убава коса е богатство за секоја жена.

Маска ставете ја на неизмиена коса. Потоа исперете ја косата на вообичаен начин, со топла вода и шампон. Мирисот на лукот воопшто нема да се осеќа.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…