Домашна маска за темелно чистење на кожата на лицето

Тајната на убавата кожа на лицето не е секогаш во скапите козметички препарати и третмани, туку во хранливи и здрави домашни маски кои самите може да ги направите со состојки кои сме сигурни дека најчесто ги имате во вашата кујна.
За да ја подготвите маската што длабински ќе ја исчисти кожата на вашето лице потребни ви се само три производи:
– половина чаша јогурт
– половина чаша пченкарно брашно
– половина чаша цеден сок од грејпфрут или лимон
Сите три состојки промашајте ги во подлабок сад и оставете го во фрижидер малку да се олади пред да ја употребите маската.
Маската нанесете ја на чиста и сува кожа, оставете ја да се засуши околу 20 минути а потоа измијте го лицето со млака вода. Нанесете хидратантна крема.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk