Домашна маска која ќе ги неутрализира пегите на лицето

Оваа маска од компир успешно ги неутрализира пегите на лицето но како за се останато, така и во овој случај е потребна упорност и резултатите нема да изостанат.
Земете еден помал компир и изрендајте го на ситната страна од рендето. Во садот со изренданиот компир додајте неколку капки маслиново масло, една супена лажица пресно млеко и 2 кафени лажички пченични никулци. Сево ова добро изматете го додека не добиете хомогена смеса. Маската нанесете ја на претходно измиено лице и оставете ја да делува дваесетина минути а потоа измијте го лицето со млака вода.

Препорачливо е веднаш потоа да го премачкате лицето со кисело млеко и да оставите да се засуши околу половина час. Повторно измијте го лицето со млака вода.
За успешни резултати оваа постапка спроведете ја минимум два пати неделно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk