Домашни маски со мед за беспрекорна кожа на лицето

Бројните витамини се дел од медот, а покрај витаминот Б и витаминот Ц, неизоставен дел од него се фолната киселина која е особено важна за сите бремени жени, но и за сите останати.

Чудесната моќ на медот е позната веќе со години поради што сосема оправдано го држи првото место меѓу драгоцените производи што живот значат. Покрај тоа што може да се консумира во кујната на бројни начини, медот може да се користи и за правење на различни маски за негување на кожата на телото и лицето.

Поради неговите антибактериски и антисептички својства, медот е одличен и во борбата со акните, но и со останатите кожени заболувања. Доколку сте обожавателка на маските за лице, тогаш сигурно сте забележале дека во многу од нив, медот е една од честите состојки.

Она што е најдобро, е тоа што токму една таква здрава маска за лице може да си направите дома.

За ваквата маска во домашни услови, потребни ви се неколку основни намирници за кои сме сигурни дека ги имате во вашата кујна.

1.Исцедете еден лимон и неговиот сок помешајте го со мед и малку овесни снегулки. Добиената смеса добро измешајте ја и нанесете ја на лицето. Оставете ја да стои 10 минути и потоа добро измијте го лицето со млака вода. Со тоа, не само што ја направивте кожата убава, туку ѝ направивте и одличен и здрав пилинг.

2.Медот, бананата и маслиновото масло се добитна комбинација за сувата кожа. Во еден сад, измешајте три лажици мед, три супени лажици маслиново масло и помешајте го сето тоа со една добро пасирана банана. Оваа смеса ставете ја на лицето и држете ја околу 30 минути, па измијте го лицето добро со млака вода.

3.Она по што медот е дополнително познат, е тоа што тој на многу лесен начин може да ви помогне во борбата против првите знаци на стареењето. Овојпат, не е потребно мешање на медот со други намирници, туку е доволно да земете чист мед и да го ставите на лицето. Натопете едно памукче во млака вода, исцедете го и ставете го на лицето за да ви се отворат порите. Оставете го медот 20 минути на лицето и потоа нежно отстранете го со топла вода, а потоа измијте го лицето со ладна вода за да ви се затворат порите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk