Домашни природни состојки кои можат да помогнат во борбата против вируси и бактерии

Објавено на: Dec 28, 2016 од Мама Силвана

За болно грло подгответе си црн чај, топла лимонада со мед. Испирајте го грлото со чај од жалфија или камилица. Камилицата можете да ја пиете, но жалфијата не, бидејќи ја намалува лактацијата.

За кашлица, наместо фабрички подготвен сируп се препорачува употреба на чај од корен од бел слез.

Чајот од корен од бел слез можете да го подготвите на тој начин што ќе сварете и оладете 200 мл вода, во оладената вода сипете една супена лажица корен од бел слез и поклопете.

Нека отстои два часа. Исцедете и во тоа додадете сок од половина лимон и мед според ваш вкус.

Чајот се пие студен не одеднаш, туку во текот на денот пијте по една голтка кога ќе се сетите.

Следниот ден подгответе нова доза, помага во созревање на кашлицата и полесно искашлување, а може да се користи и со доење и не пречи на бебето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…