До квалитетен сон со чај од банана

Многумина од нас уживаат во вкусот на бананата, но од друга страна, малкумина знаат дека од ова овошје се подготвува многу вкусен напиток кој е одличен сојузник во борбата против несоницата.

 

Богати со калиум и магнезиум, бананите нудат совршена комбинација на минерали кои го релаксираат телото и го подобруваат квалитетот на сонот.

За подготвување на овој чај користете банани од органско потекло на кои пред се треба да ги им ги отсечете врвовите и добро да ги измиете затоа што не е потребно да се лупат во текот на подготовката.

Две банани ставете ги во 400мл зовриена вода, додајте една кафена лажица цимет и една кафена лажица мед и оставете ги да вријат на тивок оган околу половина час.

Потоа процедете ја течноста и уживајте во убавиот вкус на чајот секоја вечер пред да си легнете.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk