Дуња-кралица на есента

Поради изобилството од влакна и пектин и малата калориска вредност (само 57 калории во 100 грама), нутриционистите ова овошје го препорачуваат и на дамите кои сакаат да ја сочуваат витката линија.

Богати и се со калциум, натриум, цинк, железо, бакар, танини и органски киселини.

Плодовите можат да се јадат пресни, но често се користат за подготовка на слатко, сокови, компоти, џемови и надалеку познатата ракија од дуња.

Покрај тоа што е хранливо, ова овошје се користи и како лек.

Сокот од дуња е здрав за желудникот и за цревата, ја ублажува кашлицата и астмата.

Печената и готвената дуња посебно се препорачува за лечење на воспаление на грлото и мукозните мембрани на стомакот, како и за третман на анемија.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk