Едноставен трик за совршена коса

 

Имајте сјајна и здрава коса, без да трошите премногу пари на скапи третмани во фризерските салони. Обратното миење на косата е мал трик кој може да ви помогне да имате совршена коса.

Едноставно е, прво нанесете го регенераторот на косата, а потоа шампонирајте ја.

Постапката не одзема дополнително време само што го менува редоследот на класичното миење на косата. Пред се намокрете ја косата, нанесете од регенераторот, внимавајќи поголем дел од него да биде сконцентриран на врвовите на косата , а потоа продолжете со негово нанесување и кон коренот на влакното. Оставете регенераторот да делува околу пет минути а потоа шампонирајте ја и добро измијте ја косата.

На тој начин регенераторот ќе го нахрани влакното, давајќи и сјај и волумен на косата а ќе се избегне појавата на безживотност и тежина доколку ја миеме косата во обратна насока.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk