Експресно до вкусен сос од домати

Рецепт за вкусен и брз сос од домати, идеален како прелив за пици и тестенини.

Потребни состојки:
– една голема конзерва домати
– 3 чешниња лук
– две лажици сушен босилек
– пола лажица оригано
– сол
– масло за јадење

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставете малку масло да се загрее, а потоа запржете го исечканото лукче. Кога лукот ќе почне да ја менува бојата, додајте го босилекот, ориганото и процедениот конзервиран домат. Доматите истовремено мешајте и пасирајте ги. Кога смесата ќе зоврие, зачинете со сол. Тргнете го сосот од огнот, па процедете ја смесата низ крупна метална цедалка, а притоа извадете ги лукот и босилекот. Сосот можете да го чувате во фрижидер околу недела дена, во добро затворена тегла.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk