Есента е идеално време за играње на децата надвор

Почна училиштето, децата се во градинка, денот е пократок, но децата треба секој ден да се изнесуваат надвор.

Педијатрите и сите здравствени работници се согласни околу придобивките од престојот на свеж воздух. Тоа поволно влијае на дишните патишта, подобро им работи крвотокот и целиот нервен систем, а од благодетите од играта и да не зборуваме.

Кашлицата исто така ќе се смири ако детето дише свеж воздух, а не сув и отстоен воздух.

Дозволете му на детето малку да си поигра да ја допре земјата, да собира лисја, есенски плодови (ореви и костени), да расфрла лисја бидејќи се тоа има низа добри бактерии кои влијаат на подобрување на неговиот имунитет, односно создавање на отпор на бројни болести како алергии, дијабетес, мултиплекс склероза и цревни болести.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk