Жансите за бременост постојат дури и во случај на предвремена менопауза

Предвремената менопауза (premature ovarian failure – POF) е состојба во која менструалниот циклус кај жените престанува пред нивната четриесетта година од животот.
Предвремената менопауза во основа се појавува природно, односно настанува како последицја на предвременото престанување на функционирањето на јајниците. Тоа подразбира предвремено престанување на создавање на јајце клетки или хормони кои се потребни за да се случи овулацијата.

Кај 90% од жените причината за појава на предвремена менопауза не се познати а кај останатите 10% причините се од генетска природа, последица на хируршки интервенции или хемотерапија и автоимуни заболувања.

Еден од најчестите симптоми кој укажува на можно постоење на предвремена менопауза се нередовните менструални крварења кои се помали и понеобили.

Додека кај повозрасните жени кои што се наоѓаат во менопауза шансите за забременување скоро и да не постојат, кај жените кои што се соочуваат со предвремена менопауза шансите за забременување иако се мали тие сепак постојат. Во 8 до 10% од случаите, жените во предвремена менопауза успеале да забременат благодарение на повремените овулации.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk