Жените кои работат навечер имаат 80% помали шанси да забременат

Објавено на: Mar 09, 2016 од Мама Весна
Според истражувањето спроведено на Универзитетот со Саутемптон било утврдено дека нередовниот сон и работата навечер со себе носи ризик од абортус, нередовни менструации и проблеми со плодноста кај жените. Жените кои работат ноќни смени имаат дури за 80% помали шанси да забременат и да родат дете, се вели во новото истражување.

Во истражувањето учествувале повеќе од  100.000 жени а резултатите покажале дека секоја работа која не подразбира регуларни дневни смени, носи ризик од пореметување на менструалниот циклус за 5%. Кога е спонтаниот абортус во прашање, кај овие жени е за третина почеста појава, отколку кај оние кои работат дневни смени.

Жените кои работат само навечер, за разлика од оние кои работат во две смени, имаат дури 80% помали шанси да имаат дете.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…