Женска импотенција

Намаленото женско либидо пред се се смета дека е од психолошка природа.

Недостатокот на сексуална желба кај жените во најголема мера се смета дека е последица на секојдневнието, на обрвските и стресот со кој што таа се соочува во текот на денот. Брзиот ритам на живот и константното чувство на замор многу често ја убиваат желбата за сексуален однос.

Според тоа импотенцијата кај жената воопшто не се смета за органска болест туку за психолошко пореметување. Исто така и фригидноста се смета за облик на женска импотенција но во тој случај жената го посакува сексуалниот чин но за време на сексот не чувствува никакво возбудување ниту задоволство.

Единствено е забележан минимален процент на намалување на либидото кај жената кога таа користи контрацептивни таблети па вотекот на циклусот има пониско ниво на хормони. Но доколку ова не е случај, а сепак постои намалено либидо тогаш е препорачливо разговор со психолог.Со стручната помош од овој вид скоро секогаш успешно се надминува овој проблем на импотенција кај жената.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk