Женските гради можат да бидат асиметрични

Научниците велат дека несиметричноста на женските гради не е ретка појава и дека во голема мера е поврзана со тоа со која рака пишува жената.
Имено, според нив, ако жената пишува со левата рака, тогаш левата дојка може да биде незначително поголема од другата и обратно.
Исто така, голема е групата на стручњаци кои тврдат дека левата дојка има поголем обем токму поради поставеноста на срцето на истата страна на градниот кош.
Затоа, доколку понекогаш ви се причини дека едната дојка не се вклопува во градникот исто како другата не очајувајте! Тоа значи дека сте една од многуте жени кај кои постои асиметричност на градите.
Во ваков случај секогаш поедноставно решение е изборот на соодветен градник отколку болните хируршки зафати кои можат да ве чинат вистинско богатство.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk