Забава со детето дома

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Силвана

За време на зимскиот распуст, децата најмногу ќе бидат на затворено, но и така можете да се забавуваат дома.

Она што можете заеднички да го правите е да готвите. Децата сакаат да учествуваат во процесот на подготовка на храната. Во зависност од возраста, дајте му да меша додека вие ги ставате состојките или дајте му брашно, вода и да меси тесто додека вие нешто друго правите.

Уште поубаво ќе биде е доколку се послужувате со различни форми. Кога колачињата ќе се испечат и оладат, дајте му на детето со четкичка да ги премачка со чоколадо.

Помагање во чистењето. Децата исто така сакаат да чистат по дома. Додека вие чистите, дајте му некоја мала метла или крпа со која ќе го исчисти неговото место за игра и играчки.

Направете мала чајанка. Ставете шолји чај, бисквити и заедно уживајте во топол напиток.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…