Забранете му на детето да седи во W позиција

Кога ќе забележите мало дете кое седи во оваа позиција, веројатно ќе помислите дека тоа е поради добрата флексибилност.

Сепак, оваа позиција може да доведе до некои навистина сериозни ортопедски проблеми: неможност на добро носење на сопствената тежина и постигнување на т.н. „телесна ротација“.

Не само што оваа позиција може да има долгорочни сериозни проблеми, исто така, кај овие деца ќе се намали флексибилноста за истегнување и протегање кога треба да дофатат работи поодалечени од нив.

Со цел да се развијат соодветни реакции за рамнотежа, детето треба да има развиено ротирички способности и урамнотежен пренос на тежината.

Овие способности се исто така составен дел од она што се нарекува – преминување на средната линија, која е неопходна за пишување.

Како што се развива детето, секоја моторна вештина мора да ја усоврши и совладува, за да може да премине на следниот предизвик.

Доколку билатералната координација е прекината поради постојано седење во оваа „W“ позиција, во голема мера може да се доведе до значително доцнење во остварувањето на други вештини, како што се: развивање на доминација на раката, скокање, фрлање, удирање итн.
Покрај тоа, со „W“ седењето се предизвикува скратување и затегнување на колкот и на мускулите од нозете, предизвикувајќи кај детето да се појави едно неприродно одење што се нарекува „гулаб-потскокнување“.

Ова на крајот ќе доведе до компликации и болка во грбот и карлицата. На видеото подолу ќе ви се појаснат физиолошките опасности од седењето во „W“ позиција:

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk