Забрзано дишење кај бебињата

Сосема нормална појава е бебето да дише со побрзо темпо отколку возрасниот човек имајќи го во предвид фактот дека потребите за кислород се значително поголеми на телото кое што сеуште расте и се развива.
Првите неколку дена по раѓањето бројот на вдишувања во минута изнесува во просек околу педесет, а потоа постепено се намалува до триесетина. Во текот на втората односно третата година од животот во просек едно дете вдишува и издишува дваесет и пет пати во минута.

Здравото новороденче иако дише малку побрзо сепак дише мирно, малку поплитко и ретко рамномерно особено кога се буди, кога цица или плаче. По првата година од животот дишењето полека се нормализира, додека во текот на третата година има правилен и рамномерен ритам.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk