Зависноста од алкохол не е секој вид на претерано пиење

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека скоро 62 милиони луѓе ширум светот патат од алкохолна зависност.

 

Општата состојба на болеста варира во различни земји. Во Република Македонија во 2002 година се регистрирани 527 лица болни од алкохолизам, што е приближно 0,02% од населението, додека вистинскиот број на луѓе зависни од алкохол се проценува дека е поголем.

Алкохолизам или алкохолна зависност преставува хронична болест позната по потребата за алкохол. Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари. Тие не можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога станува збор за директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба на работата или сообраќајни незгоди.

Медицинската наука сè уште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но истражувањата покажуваат дека генетички, психолошки и социјални фактори се одговорни за неговото развивање. Алкохолизмот сè уште не е излечлив, но постојат најразлични третмани кои што можат да им помогнат на алкохоличарите да го избегнат конзумирањето на алколхол и да продолжат да водат здрав живот.

Луѓето асоцираат било кој вид на претерано пиење со алкохолизам. Но, лекарите и научниците толкуваат дека нестабилностите поврзани со алкохолизмот се појавуваат како резултат на континуирано лошата состојба. Тие преферираат да го користат терминот алкохолна зависност или алкохолизам за да ги одвојат најсериозните неправилности предизвикани од алкохолот. Поимите злоупотреба на алкохол и проблеми со пиењето се однесуваат на помалку сериозни алкохолни проблеми како резултат на претерано пиење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk