Загрижете се кога е детето мирно и не ви „пречи“

Сосема мали деца, тукушто проодени, во едната рака држат шише со млеко, а со прстињата на другата, пребираат по таблетот кој родителите го ставиле пред нив. Овој призор се почесто може да се види. Француските психолози и логопеди, кренале узбуна и порачале дека ставањето на сосема мали, предучилишни деца пред екраните претставува опасност за нивното ментално здравје.

Стручњаците кои секојдневно работат со децата од предучилишна возраст тврдат дека има индикации дека оставањето на детето пред тактилен екран кој го зема неговото целокупно внимание и целосно го изолира од околината, предизвикува бројни пореметувања во функционирањето на мозокот. Родителите треба да ги загрижува тоа што е детето мирно и не им „пречи“, велат стручњаците.

Некои лекари дури тврдат дека воочиле врска помеѓу еден вид на аутистичен синдром кај децата кои поминуваат време пред екраните и игрите наводно прилагодени на нивната возраст.

Следувала полемика затоа што има стручњаци кои реагирале тврдејќи дека нема докази за врската помеѓу аутизмот кај децата и екраните. Меѓутоа, сите се согласни дека гледањето во екран кај децата од предучилишна возраст предизвикува бројни невролошки пореметувања.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk