Задржете го своето „јас“ во бракот, но бидете подготвени и за компромис

Ниту еден брак не е совршен, ниту едни брачни партнери не се сложуваат во целост.

И тоа е сосема во ред, затоа што бракот е заедница на две личности кои имаат сопствени ставови и убедувања. Но тоа не значи дека треба по секоја цена да ги браните своите гледишта и никогаш да не отстапувате. Бидете спремни на компромисни решенија, себичноста нема ништо да ви донесе, напротив може да го уништи односот со вашиот партнер.

Од друга страна пак, компромисните решенија не треба да дозволат да се најдете во емотивна замка. Притисоците од емотивните уцени се најлошата варијанта на брачниот живот. Не ги заборавајте нештата кои ве отсликуваат вас самите и секако целите кои сте планирале да ги остварите на долгорочни патишта. Да, не сте повеќе девојка што значи дека во вашиот живот има нови лица, сопругот и децата пред се, што е одлично, но тоа не значи дека треба да го загубите идентитетот.

Еден од начините да постигнете баланс помеѓу компромисот и задржувањето на сопствените идеи и ставови е благодарноста. Велат убавиот збор железни врати отвора. И во право се! Не заборавајте да му покажете на вашиот сопруг колку сте му благодарни за неговата љубов и неговото присуство. Токму тие мали знаци на внимание го прават брачното секојдневие поубаво, а со тоа и се елиминираат честите и понекогаш за безначајни нешта ситуации во кои се конфронтираат двајцата брачни партнери.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk