Заедничката игра со вашето дете ветува двојна добивка

Ако понекогаш видно исцрпени се прашувате од каде се уште толкава енергија кај вашето дете тогаш бидете сигурни-не сте единствени!

Малите деца имаат толкава енергија што тешко кој може да ги измори. Поголема е веројатноста родителите да се изморат трчајќи по нив и околу нив отколку самите деца.

Најпозитивниот исход од оваа ситуација е да им се придружите на децата во нивната игра. Игрите на децата немаат граници, па така слободно можете да ја сфатите детската игра како еден вид тренинг.

Без разлика колку и да сте зафатени доволни се варем еден час активна игра со вашето дете, кој ќе вети двоен позитивен ефект. Од една страна вие ќе бидете во топ форма поради тоа што сте потрошиле екстра калории во време поминато во забава настрана од секојдневните грижи и обврски, а од друга страна вашите деца ќе бидат среќни и секако изморени полесно ќе заспијат.

Заедничките мигови кои ќе ги поминувате со вашите деца се добивка плус, важни за зацврстување на меѓусебниот однос кој веруваме дека ќе биде исполнет со смеа и задоволство.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk