Запечена туна со макарони

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Лесен и едноставен оброк кој содржи производи од различни групи како тестенини, риба, сирење и зеленчук.

Потребно е:

Едно пакување макарони

Една конзерва туна

400 гр домати исечени на тенки парчиња

Мала тиквичка исечкана на парчиња

2 пиперки исечкани на коцки

Една главица кромид, иситнета

Едно чешне лук, иситнето

Малку рендано сирење

Една лажица маслиново масло

Подготовка:

Пропржете ги кромидот и лукот на маслиново масло. Додадете го останатиот зеленчук и динстајте уште 15-на минути.

За тоа време сварете ги макароните, исцедете ги и измешајте ги со туна и зеленчук.

Ставете ги во огноотпорен сад, посипете ги со рендано сирење и запечете во рерна 15-на минути.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…