Запечени тортелини со пилешко месо

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Силвана

Вкусните тортелини можете да ги направите со сезонски зеленчук, а на рецептот нема да оддолеат ниту најприбирливите деца.

Потребно е:

1 кг пилешко бело месо

30 мл масло

1 кромид

250 гр моцарела

200 гр пченка

4-6 готови тортелини

30 мл путер

30 гр брашно

250 мл пилешка супа

150 мл павлака

Магдонос

Подготовка:

Пилешкото исечете го на ленти, посолете го, забиберете и посипете со масло, а потоа пропржете додека не поприми златно-кафеава боја. Измешајте го со пиперка, исечкан кромид, пченка и додадете 50 грама моцарела.

Мешавината со пилешко ставете ја во тортелините и замотајте ги.

Во тавче истопете путер и измешајте го брашното. Пржете околу 30 секунди. Постепено додавајте го пилешкото и гответе додека сосот не се згусне.

Во смесата измешајте и павлака. Сосот посипете го преку тортелините, посипете го останатото сирење и печете околу 20 минути на 180 степени.

Кога јадењето е испечено, декорирајте го со магдонос.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…