Запознајте го бебето кое било родено два пати

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Весна

Женско бебе било „родено два пати“ откако било извадено од матката на својата мајка во времетраење од 20 минути за да му биде извршена операција на ‘рбетот.

Линли Хоуп Боемер, била извлечена од матката на мајка си додека таа била во 23 недела од својата бременост, за на девојчето да му биде отстранет туморот од ‘рбетот. По 20-минутна операција за време на која срцето на бебето речиси и сопрело, девојчето повторно било вратено во матката и родено три месеци подоцна. Со рутински преглед било откриено дека Линли има тумор, па неколку лекари ја советувале мајката да ја прекине бременоста. Но, хирурзите од „Texas Children’s Fetal Center“ одлучиле да се обидат да го отстранат туморот доколку го извадат бебето од матката.

Мајката се одлучила на таков чекор бидејќи не сакала да ја прекине бременоста. Операцијата на мајката траела 5 часа, бидејќи се работи за комплицирана постапка кога плодот се вади надвор, а потоа треба да се врати назад за останатото продолжување на бременоста.

Линли била родена по втор пат, со царски рез, на 6-ти јуни. Докторите велат дека ваквиот тумор се појавува на секои 35.000 раѓања. Иако некогаш можно е да се отстрани туморот откако ќе се роди детето, сепак лекарите одлучиле да го отстранат порано, за да не дојде до несакани последици во однос на крвотокот кај плодот.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…