Затоплете го креветчето пред да го легнете бебето во него

Постојат многу препораки како да му помогнете на бебето да заспие полесно и да спие спокојно во текот на ноќта. Покрај многуте нешта што се потребни за добар сон, потребно е да обрнете внимание и на температурата, но не само на воздухот во собата каде што спие бебето туку и на температурата во креветчето.
Затоплувањето на креветчето со топол пешкир е многу корисен трик кој помага за мирен детски сон.

Од топлината на вашата прегратка треба да го легнете бебето во ладното креветче. Логично е дека таа промена која ја чувствуваат бебињата е причина тие да се разбудат и да имаат потешкотија да заспијат повторно.

За да ја елиминирате разликата во температурата, особено во зимскиот период, доволно е да поминете со фенот преку постелнината во креветчето на бебето или пак да поставите топол пешкир на кој ќе го легнете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk