Зачестете ги во менито семките од тиква

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Кате

Семките од тиква во медицински цели се користат веќе илјадници години. Тие се богат извор на: магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К. Одличен избор се за грицкање, бидејќи се богати со омега-3 масни киселини кои на телото му се неопходни за одржување на здравјето на срцето и за регулирање на крвниот притисок. Откријте ги изненадувачките здравствени предности на семките од тиква и зошто треба да ги јадете намсто нездравите грицки.

Успешно се борат против рак

Шпанско истражување покажало дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки. Имено, ефикасни се во борбата против разни видови рак и имаат анти-воспалително дејство. Германско истражување покажало дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јадат семки, имаат за 23% помал ризик од настанок на рак на дојка. Подеднакво делотворни се и семките од сончогледот.

Го подобруваат здравјето на простатата

Маслото од семки од тиква се користи за лечење на зголемена простата (хиперлазија). Маслото содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и спречуваат настанок на канцерогени клетки.

Ги ублажуваат симптомите од менопаузата

Ако барате природен начин да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопаузата, семките од тиква се одличен избор. Ги регулираат топлотните напади, главоболките, болките во зглобовите и наглите промени на расположението. Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол и го регулираат крвниот притисок.

Го намалуваат холестеролот

Истражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат лошиот холестерол за 13 отсто, а нивото на вкупниот холестерол за 10 отсто. Исто така, ќе го намалат ризикот од згрутчувања, кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.

Превенираат дијабетес

Семките од тиква поради богатството со незаситени и здрави масни киселини се ефикасни и го регулираат нивото на шеќер во крв, зголемувајќи ја чувствителноста на инсулин. Бројни експерти препорачуваат дијабетичарите да консумираат семки од тиква како секојдневна намирница.

Добри се за слабеење и го подобруваат расположението

Богат извор на влакна и протеини, материи клучни за губиток на килограми. Само 30 грама семки од тиква има 5 грама протеини, што ќе ве држи сити. Сепак, бидете умерени, шолја семки содржи околу 285 калории. Одлични се за физичкото но и психичкото здравје. Научниците заклучиле дека го намалуваат нивото на стрес и анксиозност. Едно истражување дури заклучило дека ја зголемуваат сексуалната желба.

Го олеснуваат артритисот

Семките од тиква, поради нивното противвоспалително дејство, ги ублажуваат симптомите од артритис. Ако страдате од артритис, секој ден јадете околу 30гр. семки од тиква.
Спречуваат појава на остеопороза

Луѓето кои имаат недостаток од цинк, треба да почнат да конзумираат семки од тиква, кои, притоа се одличен извор на цинк. Цинкот е минерал потребен во коските. Само 1/4 шолја семки содржи дури 17 отсто од препорачаната дневна вредност на цинк.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…