Заштитете го срцето од ладното време

Ладното време и брзиот пад на температурата може да предизвикаат срцев удар, тоа се резултатите од ново истражување. Докторите велат дека секоја температурна разлика од пет степени Целзиусови, во било кој ден, го зголемува ризикот од срцев удар за пет отсто.

Иако не е сосема јасно зошто ова се случува, професорот Хедвиг Андерсон од Универзитет во Мичиген вели дека, иако телото има ефикасни системи за реакција на промени на температурата, забрзаните и екстремни флуктации предизвикуваат стрес за сите системи, што придонесува за појава на здравствени проблеми.

Докторите предупредуваат дека кога температурите се во минус, доаѓа до пораст на притисокот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека најголем ризик од срцев удар носат температурните разлики поголеми од 25 степени Целзиусови, додека промените од 10 до 25 степени се помалку опасни за срцето.

Ефектите се поголеми ако екстремни температурни флуктации се случуваат кога деновите се веќе топли.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk