Зајакнете ги карличните мускули со овие едноставни вежби

Кегелс вежбите ќе ви ги зајакнат карличните мускули што ќе помогне за побрзо изнесување на бебето од вашата матка. Токму затоа се особено препорачливи за жените во текот на бременоста.

Овие познати вежби се наменети за внатрешните карлични мускули. Практикувајќи ги овие вежби вие всушност ги стегате и опуштате муслукулите како кога сакате да престанете да мокрите. Пробајте го ова додека мокрите и потоа навикнете се да го правите и без тоа.

Вежбите се повторуваат неколку пати на ден со што ги стегате и опуштате мускулите 15 до 30 пати при едно повторување.

Кога го правите ова пробајте да не ги стегате стомачните мускули затоа што така се намалува ефектот.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk