За бебето одберете исклучиво памучна постелнина

Душеците и постелнината од природни материјали го намалуваат ризикот од појава на алергиски реакции и астма кај новороденчињата.
Според доктор Ли Травелин и неговите колеги од Народниот Универзитет во Канбери, децата кои што од самото раѓање спијат на постелнина направена од синтетички материјали, подоцнежно во животот, се соочуваат со зголемен ризик од појава на астма.

Во рамките на австралиското истражување биле проучувани податоци од 883 деца кои биле вклучени во истражувањето од 1988 година до 1995 година.

64% од децата спиеле на постелнина која содржи мешавина од памук и синтетика, 27% од децата спиеле на целосно памучна постелнина, а останатиот процент од децата спиеле на постелнина направена исклучиво од синтетички материјал.

Докажано е дека присуството на алергиски реакции и астма кај децата од последната група, на возраст од 10 години, е за два пати поголемо за разлика од децата кои спаѓале во првите две групи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk