За брашното збогатено со фолна киселина

За прв пат витамините од групата Б се откриени во 1912 година. Според нивната важност тие се меѓу првите од редот витамини и се состојат од различни видови со различен хемиски состав, сите растворливи во вода.
Докажано е дека витамините од групата Б имаат аналгетско дејство и делуваат на тој начин што ја подобруваат функцијата на нервните влакна. Затоа особено се препорачливи кај децата во развој, чии мозочни келии сеуште се оформуваат и развиваат и кај дијабетичарите кои што боледуваат од дијабетска невропатија ( лица кои што чувствуваат жарење и трнење на екстремитетите )

Малкумина знаат дека всушност фолната киселина е составен дел на оваа група на витамини.

Фолната киселина уште се нарекува витамин Б9. Таа е неопходна за нормален развој на еритроцитите и помага во овозможувањето на оптимално функционирање на нервните клетки во човековиот организам.

Поради својата исклучителна важност, веќе десетици години наназад во САД, Австралија и Канада брашното се збогатува со дополнителна количина на овој витамин, а таа пракса се повеќе се практикува и на нашите простори од одредени производители.

Недостатоците на фолна киселина во организмот се манифестираат со дегенерација на нервниот систем, кардиоваскуларни заболувања и сл.

Иако се користи како превенција од рак на цревата и јајниците сепак контрадикторна е нејзината примена кај пациенти кои што веќе имаат дијагностицирано малигно заболување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk